Во најскоро време ќе стартува нов, еднонасочен режим на сообраќај за улицата Прашка, во населбата Тафталиџе 1, којшто ќе биде воспоставен со нова хоризонтална и вертикална сигнализација.
За таа намена веќе се поставуваат нови сообраќајни знаци, како и нови забавувачи на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Исто така, на овој потег се воведува и ЗОНА 30, со што се ограничува брзината на движење на сите возила.
Со новиот сообраќаен режим, од улицата Лондонска се вози во една насока спрема Прашка, а возможен е приклучок само од , и кон улицата Дамаска.