Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, пред мечот со Манчестер сити рекол дека победа над овој ривал со која би му помогнал на поранешниот тим, Ливерпул, не му претставува дополнителна мотивација.
Сити и Ливерпул водат голема борба за шампионската титула во Премиер лигата. Во пресрет на последните две кола Сити има поен повеќе од Ливерпул. Лестер в понеделник ќе гостуваат кај Манчестер сити.
„Не ме интересираат туѓи борби. Ме интересира само она што го работиме ние. Навистина, поради Ливероул, немам посебна мотивација пред мечот со Сити. Јас сум вработен во Лестер и мојот фокус е на овој клуб“, рекол Роџерс.
Стручњакот од Северна Ирска во сезоната 2013/2014 беше на чекор до трофеј во Премиер лигата, но во последните три кола со тогашниот клуб Ливерпул испушти пет бода предност и титулата ја однесе Манчестер сити.