Русија се залага за свет без дрога базиран на строго почитување на конвенциите за опојни дроги, рече денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Русија е цврсто решена да изгради свет без дрога. Уништувањето на наркотичното зло и отстранувањето на сите човечки страдања значително ќе придонесат за слободата на поединците и заштитата на човековото достоинство”, рече Лавров на состанокот на земјите потписнички на Меморандумот за соработка во областа на контролата на дрога во Ташкент, Узбекистан, според ТАСС.
Тој посочи дека Русија смета дека постојните конвенции за опојни дроги мора целосно да се почитуваат.