Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска изјави дека последниот ден од кампањата беше доказ дека беше најцрн во црната кампања против неа.
-Тоа е само знак или доказ дека уште еднаш власта на заминување е најстрашна власт. Очигледно дека во недостиг на аргументи, во недостиг на знаење, во недостиг на дигнитет и интегритет како во дебатните емисии така и на билбордите, така и во настапите кампањата беше најчесто ad hominem до колку не беше наместена. Што очекувам? Мислам за настапите, ние одевме на отворени митинзи таму можеше секој да учествува, а власта посегна кон еден „специјален модел на водење на кампања“, која кандидатот се разбира беше заштитен, рече Силјановска.