Без придржување до договорот помеѓу Европска Унија и Турција за миграцијата, Европа би била соочена со сериозен миграциски притисок од југ, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на заедничката прес конференција со турскиот колега Мевљут Чавушоглу во Будимпешта.
Сијарто истакна дека „безбедноста на Европа денес почнува во Турција”, при тоа изразувајќи благодарност до Анкара за нејзината улога во гарантирањето на безбедноста на Континентот.
– Во голема мера благодарение на Турција од 30 до 35 милиони луѓе во соседството на Европа кои се во позиција да тргнат кон Континентот во кој било момент, тоа се уште не го направиле. Турција се грижи за 4,5 милиони мигранти, не дозволувајќи да тргнат кон ЕУ, истакна Сијарто.
Тој додаде дека Унгарија во Турција гледа стратешки сојузник и пријател.