Унгарија намерно ги изгладнува мигрантите на кои им е одбиен азил и кои чекаат да бидат депортирани, што претставува директно кршење на меѓународното право, соопшти Агенцијата за човекови права на Обединетите нации во Женева.
„Според достапните извештаи, од август 2018 година, 21 мигрант чекаат да бидат депортирани и не добиваат храна редовно, некои и по пет дена”, се вели во соопштението на агенцијата.