Суданскиот државен обвинител нареди распит на соборениот претседател Омар ал Башир поради сомневања за финансирање тероризам и перење пари, јавија светските агенции повикувајќи се на неименувани судски извори во Судан.
Државниот обвинител во април покрена истрага против Башир поради обвиненија за перење пари и поседување големи суми странски валути без докази за нивното потекло.
Во куфери во куќата на Башир беа пронајдени големи количини пари.
Безбедносните служби пронајдоа евра, долари и судански фунти во вкупен износ од преку 130 милиони американски долари.
Суданската армија со собори Башир од власт на 11 април, после четири месеци улични демонстрации против неговото 30-годишно владеење