Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ја бранеше ѕвездата на тимот, Нејмар по новите критики на негова адреса. Тие доаѓаат главно од неговото однесување. Тој се најде во центарот на вниманието, откако си дозволи да нападне фан на Рен по финалето на Купот на Франција помеѓу двата тима.
Тимот загуби по пенали, а Бразилецот удри навивач, кој претходно го испровоцира.
– Можеби реакцијата на Нејмар е во спротивност со принципите на нашиот клуб. Секогаш е лесно сепак да се суди отстрана за активностите на еден фудбалер како него, прокоментира тренерот на ПСЖ, цитиран од медиумите во Франција.
Германецот изјави дека сепак тимот верува во него и тој е многу важен дел од идните планови на парижаните.
– Кога Нејмар ќе го отвори срцето, тогаш тој е предмет на емоции. И во случајот беше така. Тој е добар човек, навистина многу добар човек, додаде поранешниот ментор на Борусија Дортмунд.