Холивудскиот актер се соблече гол откако изгуби облог

Ченинг Тејтум (39) е еден од најсексапилните и најпосакуваните актери кој играше во филмот „Магичниот Мајк” и неговото продолжение „Магичниот Мајк XXL”. Toj oбјави експлицитна фотографија на социјалните мрежи, бидејќи изгуби облог од неговата девојка, пејачката Џеси Џ (31). На фотографијата актерот ги покрива интимните делови на мускулестото тело додека се тушира.

„Јас загубив во играта. А губитникот мораше да објави фотографија избрана од победникот. Никогаш повеќе нема да играм со неа“, напиша Ченинг покрај објавената секси фотографија.

 

Во продолжение тој откри дека го фотографирала неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.

Треба да знаете
Последни објави