Ќерката на уставната судијка Гошева и братучедите на Милошоски вработени со непотизам во АЕК, Водовод и Телеком
Од конкретно разгледуваните случаи се посочија вработувањата на ќерките на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, Слободанка Гиева во тогашен Т-Мобиле, која во 2017 година била унапредена во главен директор за човечки ресурси и регулативи и Бојана Гошева во АЕК.
Меѓу споменатите беше и Христина Божиновска, вработена во АЕК, сопруга на Кирил Божиновски поранешен генерален секретар во Владата. Сестрата на поранешниот амбасадор Андреј Лепавцов, Драгица Лепавцова, исто така, вработена во АЕК. Во ЦУК е вработен таткото на Игор Јанушев, Љубен. Во ЈП Водовод и канализација Скопје е вработена братучетка на Антонио Милошоски, во 2007/2008 година кога бил министер, бил вработен и неговиот братучет Станко Коруноски во Централниот регистар. Братот на Анастасија Илиевска, која во 2008 година била советник за безбедност во Кабинетот на Претседателот се вработил во Централниот регистар во Прилеп.
ДКСК претходно ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на Општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на Општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на Општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.
фото: сдк