До 15:30 часот заокружено е гласањето на изнемоштени и болни лица од општините Крива Паланка и Ранковце, информираат од општинските изборни комисии.
– Избирачките одбори кои извршија теренска обиколка на домовите на луѓето на кои им беше одобрено гласање во домашни услови се вратија од терен и ги доставија избирачките материјали, така што гласањето се одвиваше беспрекорно. Екипи на набљудувачи од ОБСЕ посетија повеќе избирачки места, меѓу кои и казнено-поправната установа во градот каде денесла се гласа и го искажаа своето задоволство од текот на изборниот процес, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка.
Во општина Крива Паланка денеска своето избирачко право можеа да го остварат 248 болни и изнемоштени лица, 68 повеќе од првиот круг од гласањето за претседател на државата.
И во Ранковце, каде денеска гласаа вкупно 53 болни и изнемоштени лица е завршено гласањето, информира Даниел Крстевски, претседател на ОИК Ранковце.
Утре на вториот круг од гласањето за претседател на државата на подрачјето на општина Крива Паланка ќе можат да гласаат вкупно 16.982 граѓани запишани во единствениот избирачки список, кои ќе гласаат на 47 избирачки места.
Во Ранковце вкупниот број гласачи изнесува 2.971, кои ќе гласаат на тринаесет избирачки места