Конте во Интер, Мурињо во Рома?

Италијанскиот стратег, Антонио Конте може да го избере Интер пред Рома, додека Жозе Мурињо е варијанта за „волците” од „Вечниот град”. Од Рома му понудиле тригодишен договор на Мурињо, но Португалецот ќе ја прифати понудата само ако римјаните се квалификуваат за Лигата на шампионите, што воопшто не е сигурно во моментот, пишува авторитетното француско издание „Екип”.

Другата опција пред Мурињо е Пари Сен Жермен, но во оваа фаза се чини дека поскоро францускиот клуб ќе им изгласа доверба на актуелниот тренер Томас Тухел, иако разочарувачките перформанси во Лигата на Шампионите и поразот во финалето на Купот на Франција.

Од Рома не ги кријат своите надежи да го убедат Конте да го преземе тимот, но според „Ла Република” спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота се сретнал оваа недела со поранешниот менаџер на Челзи и го замолил да почека пред да потпишува било што.

Се смета дека претседателот на „нероазурите”, Стивен Жанг дал зелено светло за назначувањето на Конте и е подготвен да го засили составот ова лето со сериозен трансфер буџет.

Треба да знаете
Последни објави