Во Македонска Каменица започна да функционира новиот Шаховски клуб „Каменица – Саса”.
Како што информираше Влатко Ситновски, иницијатор за формирање на клубот, членовите на клубот за почеток ќе се натпреварува во младинските категории.
-Клубот има 49 членови сениори, 10 младинци, осум пионери и четири жени. Како регистриран клуб, ШК „Каменица САСА” остварува право за натпреварување во тековната сезона на натпреварување, но поради недоволна подготвеност, оваа година клубот ќе се натпреварува во шаховското првенство во младински категории, вели Ситновски.
Додава дека клубот е формиран и целосно поддржан од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и Рудник Саса, како општествено одговорна компанија од Македонска Каменица.
Натпреварувањата во домашното првенство и меѓународни турнири започнуваат од следната сезона. Од ШК „Македонска Каменица – Саса” најавуваат дека во скора иднина ќе организираат силни домашни и меѓународни турнири.