На 03.05.2019 година во 21,00 часот во Полициската станица Драчево В.М.(33) од Скопје пријавила дека на 02.05.2019 година околу 16,00 часот на улицата “Румена Хаџипанзова“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака. Истиот ден во 17,15 часот во Полициската станица Центар Д.Ѓ.(51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во централното градско подрачје неговата 17 годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.