Змија со три очи ја шокирала Австралија: Експертите велат дека тоа е нормално
Трооката змија била пронајдена на автопат во северна Австралија, а го добила прекарот “Монти Пајтон” поради необичниот изглед.
Станува збор за бебе питон, кое за жал, умрело само неколку недели откако било пронајдено во март. Експертите велат дека третото око на змијата, на врвот на главата, изгледало како природна мутација.
Ренџерите го откриле во близина на градот Хампти Ду, 40 километри југоисточно од Дарвин.