Северна Кореја лансираше ракети со краток дострел

Северна Кореја тестираше неколку ракети со краток дострел, соопшти Јужна Кореја. Според информациите од јужнорејските вооружени сили, ракетите биле лансирани д полуостровот Ходо во источниот дел од земјата.

Доколку се потврди, тоа би било прво ракетно лансирање откако Пјонгјанг тестираше меѓународна балистичка ракета во ноември 2017 година.

Минатиот месец Пјонгјанг соопшти дека тестирал таканаречено тактичко водечко оружје. Тоа беше прво тестирање по самитот во Виетнам помеѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, кој заврши неуспешно без договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека Ким Џонг Ун не би го ризикувал патот на неговата земја кон подобри односи со другите и економска нормализација.

Треба да знаете
Последни објави