Северноатлантскиот совет на НАТО, механизмот за донесување одлуки од највисок степен, по повод 25-годишнината од Медитеранскиот дијалог, ќе се состане во Турција, а со состанокот ќе претседава генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесува Анадолија.
Според соопштението на НАТО, на состанокот, што ќе се одржи на 6 и 7 мај, ќе присуствуваат и партнерите на НАТО во рамките на Медитеранскиот дијалог.
Генералниот секретар на НАТО ќе одржи и билатерални разговори со високи претставници на Турција.