Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Џахит Турхан, изјави дека заедно со министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, по зголемениот интерес на граѓаните, започнале со активности за пуштање на линијата на туристичкиот Источен експрес, кој се обраќа на една од 4-те најубави железнички линии во светот.
Во рамките на студијата, Турхан истакна дека е договорено туристичкиот Источен експрес на 29 мај во 20:00 часот да патува од Анкара до Карс.
– Туристичкиот Источен експрес ќе има капацитет за 120 лица. Целосно ќе биде составен од вагони со кревет. Линијата Анкара – Карс ќе ја помине за 27 часа, рече Турхан.
Турхан во изјавата за Анадолија потсети дека Источниот експрес своето прво патување го има направено на 15 мај 1949 година, на релацијата Анкара – Карс, истакнувајќи дека возот ја поминува релацијата од 1.300 километри за околу 25 часа и дека за време на патувањето застанува на 53 станици.
Министерот истакна дека Источниот експрес, во рамките на инфраструктурата и техничките услови, сè уште патува. Возот се состои од 2 генератори, 1 административен вагон, 4 вагони со кревет, 4 луксузни, 4 кушети и 1 вагон за јадење.
– Интересот за Источниот експрес, кој се обраќа на една од 4-те најубави железнички линии во светот, секој ден е сè поголем. Особено од младите, љубителите на природата и групи кои сакаат да фотографираат. Се нудат услуги со висок квалитет по пристапни цени за патници од сите возрасти, нагласи Турхан.
План за туристичкиот Источен експрес
Турскиот министер наведе дека како резултат на работата на Министерството, интересот за Источниот експрес е зголемен, а патувањата се споделуваат на социјалните медиуми, а на тоа патување се гледа како на можност за едно несекојдневно патување.
Како резултат на соработката со туроператорите, министерот нагласи дека секој ден е сè поголема побарувачката за патување со Источниот експрес.
Турхан истакна дека со цел раст на домашниот туризам, од Министерството за култура и туризам било побарано да се отстранат вагоните за спиење од тековниот Источен експрес и да се произведе нов воз за туристички цели што ќе се обраќа на релацијата Анкара – Карс – Анкара.
Тој рече дека во однос на прашањето имале средба со министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.
– На средбите со министерот Мехмет Нури се согласивме првото патување на туристичкиот Источен експрес да започне на 29 мај, во 20:00 часот, од Анкара до Карс. Возот, на патот кон Карс, ќе застане на станиците во Кемалије, Ерзинџан и Ерзурум, а на враќање ќе застане на станиците Дивриги во Сивас и Бостанкаја, рече Турхан, додавајќи дека овој концепт ќе се применува и за други линии.
Возот ќе има капацитет од 120 патници
Според министерот Турхан, туристичкиот Источен експрес, кој ќе се обраќа на релацијата Анкара – Карс, планирано е, по барање на Министерството за култура и туризам, да застанува на станици каде што патниците ќе може да посетат туристички и историски места.
– Туристичкиот Источен експрес ќе се состои од вкупно девет вагони, два за услуги, еден за јадење и шест за спиење. Возот ќе биде со капацитет за 120 патници. Релацијата Анкара – Карс ќе ја минува за 27 часа. Возот ќе патува еднаш на два дена, од Анкара ќе тргнува во 20:00 часот, од Карс околу 23:00, додаде министерот Турхан.