Ракометарите на Барселона и на Веспрем се првите два тима учесници на Фајнал фор турнирот во Келн, откако денеска рутински издвојуваа победи против Нант и Фленсбург. Претходно Шпнците и Унгарците славеа убедливо на гостинските терени, по што во денешните реванши само ја завршија работата.
Веспрем во реваншот со Фленсбург влезе со предност од 22:28 од првиот натпревар, но гостите отворија со 0:5, но Дејан Манасков и соиграчите се вратија, па на полувреме имаа предност од 17:13. Вториот дел беше само шоу за присутните во ,,Веспрем арена” и конечни 29:25 и потврда на петтото учество во Келн на унгарскиот гигант.Манасков постигна еден, но атрактивен гол, а имаше и три украдени топки.
Ракометарите на Барселона остварија втора победа против Нант 29:26, но шпанскиот првак ја реши работата уште во Франција каде триумфираше со седум голови разлика. Кире Лазаров постигна 3 гола во поразениот тим.
Останатите две екипи учеснички на Ф4 во Келн ќе бидат познати утре по натпреварите во Сегедин, каде Вардар ја брани разликата од девет голови против Пик, како и ракометарите на Кјелце кои имаат десет гола предност пред реваншот во Париз против ПСЖ.