Во Либија нападнат воен камп за обука, убиени деветмина

Деветмина војници се убиени во напад на воен камп за обуки на припадниците на Либиската национална војска, која ја предводи генералот Калифа Хафтар, соопштиле болнички извори.

До нападот дошло во градот Себа, кој се наоќа во јужна Либија, позната по производство на нафта, која, токму поради тоа, е цел на чести напади на вооружени сили.

Хафтар своите сили ги концентрираше во северозападниот дел од земјата, каде последниот месец дена води борби за главниот град Триполи, потиснувајќи ги силите на меѓународно признатата Влада. Судирите беснееја цела ноќ во јужните предградија на Триполи.

Одговорност за нападите на Себа презела Исламска држава. На интернет страницата на џихадистичката група стои дека нејзини борци убиле или раниле 16 луѓе, како и ослободиле затвореници од затвор.

Треба да знаете
Последни објави