Француските власти започнаа истрага против полициијата поради наводното насилство кон демонстрантите, на 1 мај во Париз, а министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер најави казни ако се утврди вина кај полицајците.
Неколку снимки од судирите меѓу полицијата и демонстрантите се појавија на социјалните мрежи, а на една од нив се гледа како полицаец ја става палката во панталоните на демонстрант на Булеварот „Монпарнас“ во Париз.
На друга снимка пак, полицаец удира шлаканици на демонстрант, а на трета фрла парче бетон. Инспектори почнале истрага за секој инцидент, на барање на шефот на париската полиција.