МВР не чуло пукање во Охрид пред седиштето на ДУИ

До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје  пред изборен штаб на политичка партија во Охрид.. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и Ве информираме дека на 03-05-2019 година во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување.

По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.

 

Треба да знаете
Последни објави