Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на состанокот со претставниците на Алјанса за иднината на Косово, изјави дека спречил поделба на Косово и го сочувал суверенитетот.
Тој нагласил дека некои во дијалогот со Србија, го предале суверенитетот на земјата, не добивајќи ништо за возврат, пренесуваат косовските медиуми.
„Ми рекоа дека поделбата на Косово е готова работа и дека договорот е веќе потпишан. Ми рекоа дека мораме нешто да дадеме и прашаа што ќе ни се некои брда на север“ рекол Харадинај.
Ако за некого, после толку лобирање и потрошени пари, тоа што го спречив процесот на поделба на Косово, е мала работа, историјата ќе докаже дека тоа било голем потфат, порачал Харадинај.