Полицијата истражува нов осомничен во случајот за исчезнувањето на девојчето Медлин Мекан пред 12 години во Португалија. Станува збор за германски сериски убиец, кој е осуден за убиство на неколку деца. Инспекторите во Португалија дојавата за странски педофил ја добиле од Скотланд Јард.
Первертитот и осуден троен убиец, Мартин Неј (48) може да е еден од двете клучни лица на кои сега се фокусирани истражувачите и имаат намера да го испитат во затвор. Потоа за тоа ќе ги известат родителите на Медлин, Кејт и Гери.
Неј во 2012 година беше осуден на доживотен затвор за киднапирање и убиство на три деца и поради злоупотреба на десетици малолетници, пренесува Daily Mail. Убиецот, кој беше познат како „маскираниот маж”, се движел низ португалскиот регион Алгарве, а во текот на деведесеттите години пропатувал во своите монструозни походи голем дел на Португалија.
Во онлајн пораките, за кои го користел прекарот GerdX, тој открил дека се облекувал во маскирна облека за да може да се крие во грмушките „на детските игралишта ако случајно помине некое убаво момче“. При тоа носел маски и фантомки.
Неј е во затвор за убиството на Стефан Џахра (13) 1992 година, Денис Рост (8) во 1995 година и Денис Клајн (9) 2001. Сите негови потврдени жртви биле од машки пол, но експертите велат дека полот на детето најчесто за педофилите не е важен.
Медиумите лани информираа дека Неј во затворот признал и четврто убиство, на десетгодишниот французин, Џонатан Кулома, кого го киднапирал од летен камп и го убил во Сен Бревин Ле Пинс во во 2004 година. Сепак, за кривичното дело не е осуден. Од друга страна, го испитувале и за исчезнувањето за германското момче Рене Хасе во Португалија, во 1996 година, но тоа, исто така, не резултирало со обвинение.
Портпаролот на семејството Мекен, Кларенс Мичел коментираше за Неј.
– Тоа би можело да биде тој. Се согласува со профилот создаден од полицијата, познат е педофилски предатор. Целосно е исправно да биде испитан од страна на полицијата, но може да биде и некој друг. Голема веројатност дека тоа е Неј, но не можеме да нагаѓаме. Полицијата веќе еднаш во рамките на истрагата за киднапирањето на Медли го испитуваше, но се се заташка.Кејт и Гери не можат да коментираат за ситуацијата, бидејќи истрагата е во тек. Семејството чека вести за развојот и се благодарни на британската полицијата за се што направиле, рече Мичел.
Мајката Кејт (51) во интервју во 2014 година рекла дека најтешко им паѓа незнаењето дали нивната ќерка е жива или мртва. Во својата книга “Мадлен”, издадена во 2011 година, Кејт пишува дека неколку сведоци виделе „човек со сомнително однесување” како се движи околу одморалиштето во Праја да Луз, каде што семејството престојувало и каде што во 2007 година беше киднапирана тригодишната Медлин.
-Сведоците помогнаа да се направи фоторобот на овој човек, рече Кејт. Скицата која тогаш беше направена во полицијата неодоливо потсетува на Неј.



