Ливерпул без Фирмино во реваншот против Барса

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе го пропушти претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Енфилд”.

Бразилецот ја пропушти победата на Ливерпул со 3:2 при посетата на Њукасл поради повреда во мускулот.

По натпреварот, менаџерот на Ливерпул потврди дека Фирмино нема да може да учествува на натпреварот против Барселона.

– Тој нема да биде подготвен за натпреварот во вторникот, рече Клоп.

Треба да знаете
Последни објави