Караџиќ телефонски од Хаг во телевизиска дебата во Подгорица порача „државата и децата се раѓаат во крв“

Воениот злосторник Радован Караџиќ, кој недоамна беше осуден на доживотен затвор за кршење на обичаите на војување, за убиството на цивили и геноцид издржување доживотна казна затвор, очигледно се досадува во Хаг па одлучи телефонски да се јави во тлевизиска дебата во Црна Гора, предводена од друг воен злосторник – Момчило Крајишник.

Иако хашките осуденици имаат забрана за настапи во медиумите, јавноста во Црна Гора можеше да ги слуша пораките на психијатарот Караџиќ, како и на Краишник, кој сега е на слобода откако отслужи 13 годишна затворска казна за злосторствата воБосна и Херцеговина.

Караџиќ беше вклучен во дебатата во „Српска куќа” во Подгорица, каде што првиот претседател на Националното собрание на Република Српска, Момчило Краишник зборуваше за нејзиното создавање. Во програмата Караџиќ неочекувано се јави во време кога Краишник изјави дека тој е најодговорен за создавање на Република Српска, по што Караџиќ ги повтори неговите претходни тврдења дека “државата и деца се раѓаат во крв”, а откако заврши Крајишник му порача „да престане да се излежува во Хаг и да дојде таму“.

Ова не е прв пат воените злосторници јавно да се обраќаат преку телефонот. Минатата година Ратко Младиќ го стори истото, пред многу пошироката публика, а во организација на српската телевизија „Хепи“ кога ги поздрави Воислав Шешељ и Русија.

Треба да знаете
Последни објави