Автомобил се забил во дрво, тројца повредени

Сопатничка била тешко повредена, а возачот и уште еден сопатник полесно кога со автомобилот во кој се возеле се забил во дрво, вчера попладнето кај Пелинце.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 17.30 часот, на магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, кај месноста Бели Грамаде.

Автомобил „сеат ибица“ со бугарски национални ознаки, управуван од И.Д.(42) од Куманово, излетал од коловозот и удрил во дрвo.

Од ударот тешко била повредена сопатничката Ј.Н., а возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. биле полсено повредени.

Тројцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави