Брендирање на локалите кои се дел од „Мој Карпош-моја картичка“

Општина Карпош започна со брендирање на сите локали и објекти на повеќе  различни бизниси кои се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка“.

Секој објект ќе добие налепница која ќе биде поставена на видно место на влезот на локалот или објектот, со цел граѓаните да бидат информирани за угостителските  и други објекти во кои можат да купуваат и да добиваат услуги по пониски цени или да добијат друг вид на бенефиција.

Картичката Мој Карпош веќе го привлече вниманието на голем број карпошани кои веќе ги уживаат придобивките на картичката. Граѓаните може да аплицираат за оваа картичка преку веб платформата www.mojkarpos.mk, како и во просториите на урбаните заедници.

Со овој проект воспоставивме трајна соработка меѓу локалната самоуправа, граѓаните и бизнис секторот. Картичката постојано се надградува и унапредува со цел да биде поблиску до крајните корисници, граѓаните и фирмите.

 

Треба да знаете
Последни објави