Државјанин на Нов Зеланд ограбен во Кисела Вода

Државјанин на Нов Зеланд бил ограбен утрово во скопската населба Кисела Вода.

Според полицијата, Ф.В.(28) од Нов Зеланд во 2.50 часот во ПС Кисела Вода пријавил дека околу 2 часот на улицата Пушкинова бил нападнат и ограбен од разбојник. Во разбојништвото му бил одземен накит, чанта и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави