Претседателот на Владата, Зоран Заев, испрати писмо со изрази на сочувство за загубените животи и повредените лица во трагичната авионска несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва, до претседателот на Владата на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.
„Со жалење ја примив веста за авионската несреќа. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до рускиот народ и до роднините и блиските на настраданите, и воедно на повредените им посакувам брзо заздравување“, се вели во писмото на премиерот Заев до претседателот на Владата на Руската Федерација, Медведев.