Каменуван автобус со навивачи на Работнички по мечот со МЗТ

Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“,  дознава порталот sdk.mk.

Каменуван бил автобусот со кој се превезувале членовите на Сити Парк Бојс, а интересно е што тоа се случило и покрај полициската придружва со која си заминуваа.

Според порталот, има и повредени навивачи кои веднаш биле одвезени во Брза помош.

И покрај нападот, возачот продолжил да се движи и стигнал до населбата Карпош 1.

Фото: аматерска фотографија/sdk.mk

Треба да знаете
Последни објави