Нови детали од истрагата: Турчинот што го уби Шаулиќ возел пијан и дрогиран

Турчинот Алсин Левент (35), кој ја предизвика сообраќајната несреќа на 17 февруари во Германија во која загина Шабан Шаулиќ, бил под дејство на алкохол и дрога, дознаваат „Новости“.

– Во текот на истрагата, недвосмислено се потврди дека на 17 февруари 2019 година Левент бил под влијание на алкохол и дрога (канабис) – изјави државниот обвинител од Билефелд, Кристоф Макел.

Освен легендарниот пејач, во несреќата загина и неговиот близок пријател, клавијатуристот Мирсад Кериќ, додека кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ беше сериозно повреден.

Возачот на “Мазда” Алсин Левент е обвинет за убиство од небрежност и се спроведен во истражен затвор по итна постапка.
– Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола – изјавил Карстен Боргмајер, новинарот на дневниот весник кој прв објави за оваа трагедија.

Треба да знаете
Последни објави