САД ќе постават морнаричка ударна група и бомбардери на Блискиот Исток како предупредување до Иран и неговите сојузници да не ги напаѓаат американските сили во регионот.
Според американски официјален претставник, носачот на авиони „Абрахам Линколн” беше испратен на задача во придружба на воени бродови и борбени авиони, објави АП.
Белата куќа рече дека зајакнувањето на силите претставува порака до Иран дека секој напад врз САД и неговите сојузници ќе биде дочекан со „непопустлива сила”.
Поставувањето нови американски сили на Блискиот Исток беше потврдено во неделата од советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон.