Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601″ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот.
Според првичните информации, во авионот се наоѓале 11 патници и двајца членови на екипажот. Нивната судбина се уште не е позната.
Авионот летал од Лас Вегас до Монтереј. Патниците се враќале од бокс меч во американскиот град.