Патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје, утре, на 7 мај, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7,30 до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, а оние кои имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15,30 часот, бидејќи автопатот ќе биде затворен од 16,15 часот, информираат од ТАВ.
Поради утрешната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје, а согласно информациите објавени на веб-страницата https://papa.mk, ТАВ Македонија ги информира сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје во вторник на 7 мај дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7,30 до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај Оние патници, пак, кои имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15,30 часот, бидејќи од 16,15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај.
Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“ временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, со исклучок на линијата која во 8,30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје и ќе тргне половина час подоцна.
Сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот можат да се проверат на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en, додека за сите детали околу режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје патниците можат да се информираат на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ .