Американецот Џон Буч од Илиноис до ден-денес се обидува да го врати телото на својата ќерка, кое го предал на наводни брокери на тела на црниот пазар. Буч сакал да ја испочитува желбата на неговата ќерка да го донира нејзиното тело за научни цели. Младата девојка починала во 2014 година, на 26 години.
Семејството Буч го избралo Биолошкиот ресурсен центар Илиноис, мислејќи дека тоа е легитимна установа за работа со донирани органи. Во многу држави во САД, совршено е легално да се купуваат, продаваат и дистрибуираат делови од човечко тело, кои се донирани на науката и медицината.
Но, незаконското продавање на органи за трансплатација или свесното заразување на делови на телото, е нешто кое главно е нерегулирано. Пред пет години, во Центарот за биолошки ресурси во Илиноис, во крематориумот, со кој раководи Доналд А. Грин постариот и неговиот син, упаднале ФБИ.
Безбедносните служби добиле информација дека ова место е поврзано со уапсениот трговец на органи Артур Ратбурн од Детроит. Артур во моментов отслужува девет години за свесно продавање на заразени делови од тела.
Тоа ФБИ го довело до семејството Грин, кое наводно продавалo делови од човек на црниот пазар, во периодот меѓу 2008 и 2014 година. Според налогот за претрес, некои од телата биле позитивни на ХИВ, хепатитис и сепса, и се продавале за повеќе од 100.000 долари.
Покрај тоа, телата кои се донирале во науката за истражување, образование и обука, според желбите на починатите, биле распарчени и продавани на други места, a нивните семејства биле измамени.
Федералните обвинувања се поднесени против нив, а минатиот месец биле поднесени обвиненија за измама и намерно прикривање на злосторството.
Обвинителите изјавиле дека луѓето кои ги купиле труповите, вклучувајќи го и одделението за медицина на „Детроит Медикал Центар“, кој купил најмалку еден орган, кој претходно бил тестиран на хепатитис, а кој семејството Грин го сокриле, не знаеле за што станува збор.
Објектот за кремирање е затворен, но Грин постариот се уште е лиценциран погребник во Илиноис, иако неговата дозвола е на ревизија. Еден од најтажните делови на оваа приказна се однесува на блиските луѓе на мртвите кои ја откриле оваа измама.
„Јас сум прилично затечен од овие работи, но болно е. Добивме пепел за која ни тврдеа дека е на Александра. Истражителите тврдат дека деловите на нејзиното тело се отстранети од Центарот каде е извршена рација и дека истите се пренесени во Детроит, каде што се врши истрагата“, изјавил Буч постариот за CB2 во Чикаго.
„Ако не ја кремирале, ништо не би префриле во Детроит. Така што таа пепел не може да биде нејзина“, изјавил Буч.
Речиси пет години откако случајот е покренат, тој не е ни блиску до враќањето на неговата ќерка, а Буч веќе создал група за поддршка за друго семејство кое се нашло во иста ситуација.