Случајот „Тенк“, во кој Никола Груевски е осуден за незаконска набавка на владиниот „мерцедес“, стигна до Врховниот суд, до каде поранешниот премиер поднесе жалба за вонредно преиспитување на пресудата.
Доколку кривичниот совет на Врховниот суд одлучи да ја укине пресудата и случајот да го врати од почеток, што би значело ослободителна пресуда за Груевски, бидејќи делото за кое се гони ќе застари.
Предметот за „Тенк“ со месеци не пристигаше во Врховниот суд, бидејќи беше во Апелација, каде што се одлучуваше по жалба на обвинетата Гордана Јанкулоска.
Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека пресудата на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ 46/18 од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите означен како „Тенк” со која жалбата на Г.Ј., на која и се судеше во раздвоена постапка, делумно се уважува на начин што се преиначува првостепената пресуда во делот на казната, заедно со списите од предметот е доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд со која делумно се уважува жалбата на Г.Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете.