Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му ја честита победата на Стево Пендаровски, кој вчера победи на претседателските избори. Тој му посака успех на одговорната функција за која е избран.
„Очекувам дека посебно ќе ја поттикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а за доброто на граѓаните на двете земји“, се наведува во честитката.