Град Скопје апелира да се преместат возилата од Големиот ринг

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните.

Поради специјалниот режим на движење, Град Скопје објави дека граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, утре нема да може да ги користат своите возила, а доколку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од рестриктивната зона.

„ Граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од денеска по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат.

Граѓаните кои имаат потреба од своите возила утре, ќе биде потребно денеска истите да ги дислоцираат надвор од рестриктивната зона, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим“ апелираат од градот.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од денеска по 16:00 часот.

Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ утре нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Треба да знаете
Последни објави