Државјанин на Нов Зеланд бил ограбен утрово во скопската населба Кисела Вода.
Според полицијата, Ф.В.(28) од Нов Зеланд во 2.50 часот во ПС Кисела Вода пријавил дека околу 2 часот на улицата Пушкинова бил нападнат и ограбен од разбојник. Во разбојништвото му бил одземен накит, чанта и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.