Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од куќен притвор, што го издржуваше за предметот „Титаник 2“, по изрекувањето на пресудата. Истекоа 60 дена од изрекувањето на притворот од Апелацискиот суд во Скопје, па на Мијалков му е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во судот.
-Кривичниот совет приОсновниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по службена должност во кривично – правен предмет против С.М. согласно член 173 ст.1 т.6 в.в. со ст. 3 в.в. со член 481 ст.4 в.в. со член 146 ст.1 т.2 и 3 в.в со ст.2 од ЗКП донесе решение со кое се укинува мерката куќен притвор за обвинетиот определена со решение на Апелациониот суд – Скопје од 28.03.2019 и спрема истиот се определуваат мерки на претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна или друга исправа како и забрана за преминување на државната граница со лична карта.
Имено со решение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје при изрекување на пресудата за предметот од обвинителството значен како „Титаник 2“ на обвинетиот му е определна мерка притвор. Со решение на Апелациониот суд – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст.2 в.в. со член 165 ст.1 т.1 од ЗКП.
Со оглед да рокот од 60 дена истекува на 06.05.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврди дека мерката куќен притвор треба да се укине.
Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена, велат од Основен суд Скопје.