Министерството за образование и наука соопшти дека утрешниот ден – 7 мај ќе биде слободен за основните и средните училишта на територијата на Град Скопје, согласно одлуката на Владата.
Дополнително јавноста ќе биде информирана кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден, а кој ќе се однесува и на училиштата на територијата на Град Скопје.
Согласно одлуката, поради посетата на Папата утрешниот ден ќе биде неработен и за вработените во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. Владата препорача денот да биде наработен и за вработените во приватниот сектор.