Комисија на косовското Собрание подготви нацрт резолуција со која од властите во Белград ќе бара да го „признаат извршениот геноцид” на Косово во 1998-1999 година.
– Србија мора да прифати дека на Косово извршила геноцид и мора да ги казни извршителите и да ја надомести штетата, јави Танјуг повикувајќи се на приштинскиот весник „Коха”, кој, како што тврди, имал увид во нацрт документот.
Нацрт резолуцијата, која содржи факти за наводни злосторства на Србите, многу наскоро ќе се најде на седница на Парламентот.
За документот прво ќе се изјасни надлежна комисија.