САД ќе ги преиспитуваат врските со државите врз основа на нивниот став кон Израел

Американскиот специјален пратеник за следење и борба против антисемитизмот, Елан Кар, изјави дека Вашингтон може да ги преиспита своите врски со одредени држави врз основа на нивниот ставот кон Израел, пренесува „Ројтерс“.

Ова може да се направи како дел од неодамна најавената промена во политиката која ќе го изедначи антиционизмот или противењето на постоењето на државата Израел, со антисемитизам во очите на САД.

„САД се подготвени да го преиспитаат својот однос со која било земја, а антисемитизмот од страна на земја со која имаме односи ќе биде причина за длабока загриженост”, рече тој.

Кар понатаму изјави дека ќе разговара за прашањето на антисемитизмот и неговото влијание врз билатералните односи со САД со голем број земји и нивните лидери преку искрени разговори зад затворени врати.

Сепак, тој одби да ги посочи конкретните држави и можните чекори кои Вашингтон ќе ги презема врз основа на резултатите од овие разговори.

Кар, исто така, ја пофали одлуката на САД да започне со изедначување на антиционизмот со антисемитизмот, признавајќи дека првиот е само еден вид омраза кон Евреите во современиот свет.

Промената на американската политика кон антиционизмот беше објавена од американскиот државен секретар Мајк Помпео во март 2019 година. Тој тврдеше дека тоа е само форма на антисемитизам и вети дека САД немилосрдно ќе се борат против тоа.

Треба да знаете
Последни објави