Египетскиот репрезентативец и ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах денеска ќе прави прегледи и тестови поради повредата на главата што ја здоби за време на натпреварот против Њукасл.
Ливерпул дефинитивно ќе го игра вториот натпревар од полуфиналето на ЛШ против Барселона без Роберт Фирмино, а сега е неизвесен и настапот на Салах кој на носила беше изнесен од теренот откако ја повреди главата.
Клоп беше позитивен на прес-конференцијата по саботниот натпревар.
„Докторот мораше да донесе одлука Салах да излезе од теренот. Кога влеговме во соблекувалната седеше и го гледаше натпреварот. Ми изгледаше добро, но мора да почекаме“, рече тогаш Клоп.
Барса на првиот натпревар на Камп Ноу го совлада Ливерпул со 3:0.