Тинејџер со мопед прегазил 16-годишен пешак

Тинејџер управувајќи мопед прегазил 16-годишен пешак и тешко го повредил, вчера вечерта кај кочанското село Тркање.

Според полицијата, сообраајката се случила во 21.45 часот.  Мопед „априлија“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал Т.Т.(19) од селото Тркање, и кој на мопедот превезувал и 14-годишно дете, удрил во 16-годишен пешак од истото село.

Од ударот Во незгодата пешакот се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Треба да знаете
Последни објави