Циклонот „Фани“ ја погоди јужна Азија, загинаа најмалку 49 лица

Во циклонот „Фани”, кој ја погоди јужна Азија, најмалку 49 лица загинаа, изјавија официјални лица.

Според сегашните податоци, најмалку 34 лица загинаа во Индија и 15 во Бангладеш.

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од околу 15.000 села во Индија, со што, според АП, се спречија уште повеќе жртви.

Агенцијата проценува дека за време на евакуацијата, била покажана поголема подготвеност на населението и властите во однос на циклонот во 1999 година, кога повеќе од 10.000 луѓе ги загубиле своите животи во индиската држава Одиш.

Циклонот што го погоди Одиш во петокот донесе ветрови со брзина до 205 километри на час.

Овој циклон е еден од ретките летни циклони што го погодија Одиш во последните 43 години, а трет во последните 150 години, изјави официјален претставник на Одиш, Навин Патнаик.

Треба да знаете
Последни објави