Џереми Хант, министерот на надворешни работи на Велика Британија на твитер упати честитки за изборот на Стево Пендаровски за претседател на Северна Македонија.
-Честитки за Стево Пендаровски, новиот претседател на Северна Македонија! Вашата земја имаше историска година и со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Истовремено, ја поддржуваме вашата земја во нејзините напори да стане членка на ЕУ и НАТО