Вршителот на должност министер за одбрана на САД Патрик Шенахан денеска соопшти дека одобрил испраќање група бродови предводени од носач на авиони, како и испраќање бомбардери на подрачјето на Блискиот Исток поради, како што тврди, „кредибилна закана од силите на иранскиот режим”.
– (Тоа испраќање) претставува разумна прераспределба на силите како одговор на индикации за кредибилни закани од силите на иранскиот режим, напиша шефот на Пентагон на Твитер.
Тој додаде дека САД го „повикуваат иранскиот режим да престане со провокации”