Шпанскиот премиер разговара со опозицијата за новата влада

Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез денеска се сретна со лидерот на конзервативците Пабло Касадо, во рамките на напорите да формира нова влада.

Ова е прва средба на Санчез со еден од лидерите на опозицијата, а утре ќе разговара и со лидерот на партијата на десниот центар Сиудаданос (Граѓани) Алберт Ривера и лидерот на крајната левичарска Унидас Подемос Пабло Иглесиас.

Социјалистичката партија на Санчез освои најмногу гласови на изборите на 28 април, но не освои мнозинство во Парламентот, поради што ќе мора да направи коалиција со други партии за да формира влада.

И покрај тоа што конзервативната Народна партија на Касадо загуби повеќе од половина пратеници во Парламентот, таа се уште е водечка опозициска сила во шпанскиот Парламент.

Треба да знаете
Последни објави